„Милионерите“ триумфираа и на вториот меч од Интернационалниот куп на шампиони, утрово во Шарлот го совладаа Ливерпул со 3-1.
Ѕвезда на мечот беше тинејџерот Кристијан Пулишиќ, кого Јирген Клоп неколку години се обидува да го донесе на Енфилд. Репрезентативецот на САД влезе во игра во второто полувреме, приреди шоу и ги растури „Црвените“. Најпрво погоди од пенал, потоа прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот а учестуваше и во акцијата по кој падна третиот гол на Дортмунд во судиското надополнување.
Иако беше најдобар поединец, репрезентативецот на САД не беше прогласен за играч на мечот поради смешна причина. Наградата ја доделуваше Хајнекен, а според законите во САД, лица помлади од 21 година не смеат да конзумираат алкохол. Кристијан Пулишиќ има само 19 години, па за не му направат проблем со властите, организаторот го прогласи Вирџил ван Дајк за играч на мечот, Холанѓанецот го постигна единствениот погодок на Ливерпул.