Пулишиќ се посрамоти, дербито во Италија без победник (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Дербито на колото во Италија помеѓу Јувентус и Милан заврши со најнепопуларниот резултат 0-0.

Натпреварот не донесе премногу шанси, двете екипи имаа свои прилик, меѓутоа изостануваа оние 100%. Најголемата можност ја имаше Милан и тоа преку својот најдобар стрелец, Кристијан Пулишиќ.

Се играше 52. минута кога при еден напад, „росонерите“ добија пенал, но Пулишиќ го изведе еден од најлошите пенали во кариерата и го промаши целиот гол.

Со овој бод Милан доаѓа до 13 и се наоѓа на третаа позиција, одека Јувентус е петти со 12. За „старата дама“ ова беше и трето реми во низа по дуелите со Аталанта и Верона, додека за Милан значеше прекинување на победничката серија од четири напревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×