181
Кристијан Пулишиќ се огласи на социјалните мрежи и се извини за промашениот пенал на синоќешното дерби помеѓу Милан и Јувентус, вети дека ќе работи 10 пати понапорно.
Во последниот натпревар од 6. коло, Милан и Јувентус на „Сан Сиро“ одиграа 0-0.
Гостите можат да жалат што не заминаа со цел плен, Кристијан Пулишиќ не реализираше пенал на стартот од второто полувреме.
Па репрезентативецот на САД утрово се огласи на социјалните мрежи и се извини за промашувањето.
„Ме убива тоа што го разочарав клубот. Ќе работам десет пати понапорно за да се искупам. Форца Милан“ – гласеше пораката на Кристијан Пулишиќ.