37
Кристијан Пулишиќ беше херојот на Милан во победата од 3-2 над Торино, тој влезе во игра, постигна два гола и му донесе победа на својот тим.
Американскиот фудбалер потврди дека бил болен и воопшто не се знаело дали ќе настапи на мечот.
„Пред два дена бев мртов во кревет, но денеска (понеделник) се почувствував многу подобро и многу сум среќен што дојдов тука и можев да му помогнам на тимот“, изјави Пулишиќ по натпреварот.
„Вчера не знаев дали ќе можам да играм, но утринава се почувствував многу подобро. Повеќе се радувам за победата отколку за головите, искрено“.