Кристијан Пулишиќ и натаму чека на нов договор со Милан, иако навивачите одамна очекуваат клубот да ја формализира соработката со еден од своите најважни играчи. Американецот има договор што важи до 2027 година, но продолжувањето засега стои во место поради еден јасен услов што го поставил.
Пулишиќ бара гаранции дека Милан ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона. Без таа сигурност, нема намера да стави потпис. Според актуелниот договор заработува 4.4 милиони евра по сезона, а новата понуда би му донела зголемување на 5.5 милиони годишно. За него приоритет останува да биде дел од тимот на Сан Сиро, но само доколку клубот може да му понуди континуитет на највисоко ниво.
Милан моментално е на третото место во Серија А со два бода заостаток зад водечките Интер и Рома, што ја прави борбата за Лигата на шампионите уште позначајна за иднината на Пулишиќ во црвено црниот дрес.