Пујол смета дека Гвардиола повторно ќе го крене трофејот од Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Легендата на
Барселона, поранешниот дефанзивец Карлес Пујол го поддржа својот поранешен
тренер Пеп Гвардиола, кој моментално е предводник од клупата на англискиот
првак Манчестер Сити во обидите да дојде до нова титула во Лигата на
шампионите.

Сезонава речиси е
невозможна мисија за „Граѓаните“ да го стигнат Ливерпул во Премиерлигата, па
големи се очекувањата да фрлат се
на една карта во Лигата на шампионите, а во таа мисија тргнаа добро откако
славеа на гостувањето кај Реал Мадрид во првата пресметка со тој противник во
осминафиналето.

Според мене, Пеп
е најдобриот тренер, јас го имав најдобриот тренер во светот
“ вели Пујол за
специјализираниот фудбалски портал „Гол“.

Вие веднаш би
можеле да воочите дека тимот е предводен од Пеп Гвардиола по начинот на кој
игра истиот, тоа е причина поради која јас сум убеден дека повторно ќе ја освои
титулата во Лигата на шампионите
“ додава тој.

Не можам точно
да кажам дека тоа ќе се случи со Манчестер Сити, но тие ќе се фокусираат
максимално на тоа натпреварување, бидејќи станува извесно дека е речиси
невозможно да се стигне Ливерпул во Премиерлигата
“ посочи Пујол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×