Публиката во Србија нема дилеми: Бара отказ за Пикси! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Српската фудбалска репрезентација доживеа вистинска катастрофа пред својата публика и загуби од Англија со 0-5 на „Рајко Митиќ“.

Поразот ја налути домашната публика, која најголемиот бес го насочи кон селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, кој од поодамна не е омилен помеѓу навивачите.

Свирежи за Пикси имаше уште пред почетокот на натпреварот кога неговото име го прочита официјалниот спикер, а во текот на натпреварот со оглед на резултатот стана само погласно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×