ФИФА во март го
казни Лео Меси со максимални четири натпревари суспензија поради користење
навредливи зборови на адреса на помошник судијата на дуелот со Чиле.
Но одлуката беше
донесена под чудни околности и на само шест часа пред дуелот помеѓу Боливија и Аргентина.
Инцидентот не беше во
оргиналниот записник на судијата и беше вметнат дополнително, откако медиумите го објавија
видеото и почна да се развива дебата на социјалните мрежи.
Во ист сил,
светската куќа на фудбалот попладнево соопшти дека суспензијата е укината.
Вчера во Цирих, четири адвокати ангажирани од Фудбалската федерација на
Аргентина ја презентираа жалбата, а ФИФА реши да одговори позитивно на нивното
барање со образложение дека нема доволно докази за инцидентот кој го предизвика
Лео Меси.
Со оглед на тоа
дека има видео на кое јасно се гледа како Аргентинецот го навредува судијата
без да стави рака врз устата, ова образложение на ФИФА е смешно.
„Гаучосите“
сигурно ќе бидат пресреќни со оглед на тоа дека без својата прва ѕвезда во
тимот мака мачат со противниците.
Тие се наоѓаат во
опасност да не обезбедат настап на мундијалот во Русија, па со Лео Меси во
тимот, драстично им се зголемуваат шансите за пласман на СП 2018.