Пари Сен Жермен со далеку повеќе мака од очекуваното успеа да ја оправда улогата на фаворит против последнопласираниот Мец и на крајот да стигне до победа во францускиот шампионат.
Избраниците на Луис Енрике одлично го отворија натпреварот и во периодот меѓу 31. и 39. минута постигнаа два погодоци, најавувајќи рутински триумф. Сепак, Мец не се предаде и во самиот финиш на првото полувреме преку Демингуе успеа да се врати во игра.
Во продолжението ПСЖ повторно ја зголеми предноста, откако во 63. минута Дуе ја затресе мрежата за 3-1, но ни тоа не беше доволно за мирна завршница. Околу десет минути пред крајот Тиситашвили намали на 3-2 и внесе неизвесност, а во судиското продолжение гостите имаа и неколку шанси за израмнување. Сепак, ПСЖ издржа и ги освои трите бода.