ПСЖ успеа во намерата: Го одложи дербито

by Стефан
1 минути читање

Пари Сен Жермен успеа во својата намера да го одложи дербито со Ленс во домашното првенство. Натпреварот се наоѓаше помеѓу двомечот на „светците“ во Лигата на шампионите со Ливерпул, па раководството на Лига 1 го прифати барањето и го помести дуелот кој требаше да се одигра на 11 април.

Од таборот на Ленс немаа намера да излезат во пресрет, особено затоа што овој меч можеше да има големо влијание во битката за титулата, но на крајот се принудени да ја прифатат одлуката.

Ова не е прв ваков случај за парижаните, бидејќи претходно им беше одложен и натпреварот со Нант, со цел тимот подобро да се подготви и одмори за пресметката со Челси во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×