„Светците“ одбија да го испратат Коло Муани на позајмица во Јувентус без обврска за перманентен трансфер, па ставија рампа на зделката, „старата дама“ веднаш договори засилување од РБ Лајпциг – Луис Опенда.
Јувентус цело лето се обидуваше да го ангажира Рандал Коло Муани, си подаде рака со напаѓачот, но запнаа преговорите со ПСЖ.
На 24 часа пред крајот на летниот преоден рок, „светците“ решија да стават рампа, одбија да прифатат позајмица без обврска за перманентен трансфер.
Па „старата дама“ вендаш се насочи на други цели и преку ноќ го договори Луис Опенда од РБ Лајпциг.
Напаѓачот од Белгија утрово пристигна во Торино на лекарски прегледи и комплетирање на трансферот.
Кратко претходно во Торино пристигна и Едон Жегрова од Лил, уште едно засилување за офанзивата.
За фудбалерот од Косово, Јувентус ќе плати нешто преку 20 милиони евра, додека пак трансферот на Луис Опенда може да чини помеѓу 45 и 50 милиони евра.
ФОТО: X/RB Leipzig