123
Актуелниот европски шампион, ПСЖ наводно во својот список на можни засилувања има двајца српски фудбалери, едниот е од Рома, а другиот од Црвена звезда.
ПСЖ го сака голманот на Рома, Миле Свилар и наводно за неговите услуги се подготвени да платат 60 милиони евра.
Свилар оваа сезона брани во голема форма и го привлече вниманието на најбогатите.
Играчот од Црвена звезда е Василије Костов, фудбалерот со македонско потекло кој е хит во моментов и за кој се интересираат повеќе клубови.
Наводно, ПСЖ за него е подготвен да потроши 25 милиони евра.