ПСЖ смета дека со големи пари може да го убеди Јамал да потпише за нив

by riste
1 минути читање

Ламин Јамал треба да биде ѕвездата на Барселона која во наредните години ќе биде главна во каталонскиот тим, но интерес за него има и од другите клубови.

„Мундо Депортиво“ пишува дека претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи верува дека со петродоларите кои ги имаат во изобилство може да го придобијат Ламин Јамал.

Но, луѓето блиски до Јамал и Барселона не веруваат дека тоа може да се случи. Тој е приврзан за каталонскиот клуб и наскоро ќе стави потпис на долгогодишен богат договор.

Во овој случај се верува дека парите нема да бидат пресудни туку љубовта на Јамал кон клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани