ПСЖ сака да му понуди на Луис Енрике – доживотен договор!

by riste
1 минути читање

Францускиот шампион е дотолку задоволен од Луис Енрике што сака да направи историски потег и да му понуди доживотен договор на шпанскиот стратег, досега нема таков пример во фудбалот.

Со трофејот во Интерконтиненталниот куп, ПСЖ ја заокружи својата најуспешна сезона во историјата.

Тие ја освоија Лигата на шампионите, француското пренство, а сега и Интерконтиненталниот куп.

Ги освоија и индивидуалните награди за најдобар тренер и фудбалер.

Единствена дамка беше настапот на Светското клупско првенство кое му припадна на Челси.

Актуелниот договор на Луис Енрике е со трајност до јуни 2027 година, а ПСЖ сака долга соработка со шпанскиот стратег.

„АС“ тврди дека клубот сака да му понуди доживотен договор, односно Луис Енрике да биде тренер додека тој не одлучи да замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×