ПСЖ раскина договор на еден играч за Јувентус конечно да го регистрира Коло Муани

by bojan
1 минути читање

Неколку извори пренесуваат дека ПСЖ решил да го раскине договорот на Хуан Бернат и на овој начин да се отвори простор за конечно да са реализира позајмицата на Рандал Коло Муани во Јувентус.

Рандал Коло Муани минатата недела пристигна на лекарски прегледи во Торино и потпис, и кога се чекаше потврда на зделката, Јувентус доби информација од ПСЖ дека ќе мора да се почека неколку дена.

„Светците“ ја искористиле квотата за позајмени фудбалери, па директорите на „старата дама“ биле бесни на своите колеги од Париз затоа што не биле известени на време за овие бирократски проблеми.

Сепак, денеска неколку извори објавија дека е најден начин да се отвори простор за конечно да се реализира позајмицата на Рандал Коло Муани во Јувентус.

ПСЖ решил да го раскине договорот на Хуан Бернат, кој требаше до крајот на сезоната да игра на позајмица во Виљареал.

Левиот бек сега ќе потпише со „жолтата подморница“ како слободен играч, а Рандал Коло Муани ќе му се стави на располагање на Тијаго Мота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани