Пари Сен Жермен остро ги демантираше наводите за можно заминување на тренерот Луис Енрике.
Гласините кои пристигнаа од Шпанија дека шпанскиот стратег решил да го напушти клубот по истекот на договорот во 2027 година беа окарактеризирани како лажни вести од спортскиот директор Луис Кампос.
Во исто време, се појавија информации дека ПСЖ подготвува историска понуда со цел да го задржи Енрике на долг рок. Според медиумите, раководството на парискиот клуб размислува за договор на најмалку десет години, со што тренерот би добил целосна контрола врз спортската политика.
Управата на ПСЖ, предводена од Насер Ал Келаифи, во Луис Енрике гледа клучна фигура за идниот развој на клубот, по освоената титула во Лигата на шампионите и доминацијата во француското првенство.