ПСЖ подготвува понуда за Јамал која ќе ги помести границите на нормалното

by 24 фудбал
1 минути читање

Пари Сен Жермен подготвува сензационална понуда за Ламин Јамал, која би можела да достигне дури 350 милиони евра, сума што би поставила нов рекорд на фудбалскиот пазар.

18-годишниот ас на Барселона веќе се етаблира како еден од најголемите таленти во Европа, па не е изненадување што парижани го гледаат како носител на идниот проект. Ова не е прв обид на ПСЖ, откако каталонците претходно одбија пониска понуда.

И покрај финансиските проблеми, Барселона засега нема намера да се откаже од својот највреден играч, кој е клучен дел од тимот на Ханси Флик.

Сепак, понуда од ваков размер сигурно ќе ја стави управата пред сериозна дилема. Ова ќе биде сума на пари која ќе ги помести границите на нормалното…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×