Екипата на ПСЖ е во потрага по својот лидер откако од тимот замина Килиан Мбапе во Реал Мадрид.
Се споменуваа повеќе фудбалери, а според најавите од Англија една од главните мети за иднината е најдобриот играч на Челси, Кол Палмер. Наводно парижани се подготвени повторно да ги поместат границите и да го направат вториот најскап трансфер во историјата (најскап е трансферот на Нејмар од Барселона во 2017 година за 222 милиони евра).
ПСЖ би понудил 200 милиони евра за услугите на Палмер кој блесна играјќи за „сините“ од Лондон. Сезонава тој досега има 13 гола и шест асистенции, додека и минатата беше одличен со 22 погодоци и 11 асистенции.
Инаку, во моментов ПСЖ го држи и вториот најскап трансфер, оној на Мбапе за 180 милиони евра од Монако. Така доколку навистина плати 200 за Палмер, ќе ги има трите најскапи трансфери во историјата.