ПСЖ пак сака да ѝ украде талент на Барселона, подготвува цело богатство за Јамал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Пари Сен Жермен е сериозно заинтересиран за да го украде еден од најголемите таленти во светскиот фудбал.

И одново таа „кражба“ би била од Барселона, бидејќи станува збор за младата ѕвезда Ламин Јамал. Јасно е дека каталонскиот гигант нема лесно да се откаже од крилото, а во неговиот договор веќе има откупна клаузула од една милијарда евра.

ПСЖ со сигурност нема да ја плати таа сума, ама подготвува огромна понуда за Јамал. За да го убеди младиот фудбалер подготвен е договор идентичен на тој што го имаше Килиан Мбапе.

Адут за парижани е фактот дека договорот на Ламин Јамал во Барселона истекува на крајот на следната сезона и ако не го продолжи до јули ќе влезе во последната година од истиот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани