Медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ е во преговори за ангажман на Илја Забарњи од Борнмут, но зделката е комплексна поради тоа што „светците“ во своите редови го имаат рускиот голман Матвеј Сафонов.
ПСЖ сака во јануари да донесе засилување за одбраната, „светците“ во својот бележник имаат неколку имиња, а како што пренесува Л’Екип, на врвот со желбите е Илја Забарњи од Борнмут.
Веќе се отворени старни преговори помеѓу двете страни, но зделката воопшто не е едноставна, Илја Забарњи е Украинец, а ПСЖ во својот состав го имаат рускиот голман Матвеј Сафонов.
Исто така, интересот за Илја Забарњи е голем, неколку клубови од Премиерлигата, како Манчестер Сити и Тотнем, внимателно го следат прогресот на дефанзивецот, кој оваа сезона се наметна како клучен играч во последната линија на Борнмут.