824
Пари Сен Жермен продолжи да доминира во францускиот фудбал и вечерва славеше нова победа над Тулуз со 0:1 со која остануваат на врвот на табелата со голема предност во однос на најблиските следбеници.
ПСЖ по денешниот триумф има дури десет бода предност пред Марсеј и 16 повеќе од Монако кој е на третата позиција. Иако има уште многу да се игра до крајот на сезоната вистинско чудо треба да се случи „светците“ да не стигнат до шампионската титула
Исто така треба да се каже дека гигантот од Париз по 22 кола не знае за пораз во АФранција. Денешниот триумф го обезбеди Фабијан Руиз со голот во 52. минута.
Противник на ПСЖ во следното коло ќе биде екипата на Лион.