300
Пари Сен Жермен летово ќе се раздели со Џанлуиџи Донарума. Француските медиуми пренесуваат дека клубот го ставил голманот на трансфер листа, откако не успеал да постигне договор со него за продолжување на соработката.
Донарума има договор до 2026 година, но ПСЖ сака да го продаде сега за да избегне ситуација да замине како слободен играч. Во меѓувреме, европскиот шампион веќе го договори наследникот, Лука Шевалие од Лил кој наскоро ќе потпише петгодишен договор.
Најсериозен кандидат за потписот на италијанскиот репрезентативец е Манчестер Јунајтед. Се очекува ПСЖ да прифати понуда од околу 30 милиони евра за голманот кој во 2021 година пристигна од Милан како слободен агент.