ПСЖ го прифати подарокот од Монако и се врати на врвот во Франција! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Пари Сен Жермен сигурно ја одработи задачата во 23. коло од Лига 1 и на домашен терен го совлада Мец со 3-0.

ПСЖ тргна силно уште од стартот. Во 3. минута Дезире Дуе доби одлична топка во простор од Заир Емери, ја избегна офсајд замката и излезе сам пред голманот Фишер, кого рутински го совлада за 1-0. Вториот погодок падна во судиското продолжение на првото полувреме. По корнер на Заир Емери, Фишер го одбрани ударот на Гонзало Рамош, но топката се одби до Бредли Баркола кој од непосредна близина со глава зголеми на 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Рамош во 77. минута, откако ја искористи асистенцијата на Лукас Ернандез и стави точка на убедливата победа на „светците“.

Актуелниот шампион ја искористи победата на Монако во Ленс и повторно се искачи на врвот на табелата со 54 бодови, два повеќе од Ленс. Мец останува закован на последната позиција со само 13 бодови и се наоѓа пред неизбежна преселба во Лига 2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×