654
Пари Сен Жермен пред натпреварот против Монако во Лига 1 ги израдува навивачите.
„Светците“ продолжија договори со неколку свои фудбалери, како и со тренерот Луис Енрике. Шпанскиот стратег стави потпис на договор до 2027 година.
Освен Енрике, потписи на нови договори ставија и Ашраф Хакими, Витиња и Нуно Мендеш. Сите тројца парафираа соработка до 2029 година.
Сето тоа беше промовирано на теренот на „Паркот на принцовите“ пред полните трибини на посебна церемонија.