ПСЖ заинтересиран за Перишиќ, Интер за него бара богатство

by
1 минути читање

Интер бележи слаба сезона зад себе во италијанското првенство, па така „Нероаѕурите“ имаат речиси невозможна мисија да се изборат за излез во Европа.

Тимот од Милано веќе го договори португалскиот дефанзивец Пепе за прво засилување за следната сезона, додека пак од играчите кои ги поседува, се чини дека прв на излезна врата од клубот е Хрватот Иван Перишиќ.

Постои голем интерес за услугите на Перишиќ, како најсериозен се појавува францускиот шампион Париз Сент Жермен, кој ќе мора на Интер да му исплати богато обештетување доколку сака да го ангажира офанзивното крило.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е подготвен да го продаде својот фудбалер за сума од 50 до 60 милиони евра.

За 28 годишниот постои голем интерес и од клубови од Премиерлигата, за неговите услуги се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал. 

Перишиќ сезонава за Интер одигра 34 натпревари а притоа постигна 10 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани