До крајот на
летотото Нејмар сигурно ќе биде името кое најмногу ќе се споменува во трансфер
шпекулациите на медиумите. Бразилецот е решен да замине од Париз и „светците“
нема да му прават проблем.
Се веруваше дека Барселона е единствената дестинација на Бразилецот, но во
последните неколку дена во игра влезе и Реал, па двата лути ривали сега ќе се надмудруваат
надвор од теренот.
Се чини дека Мадрид
е пореална опција во моментов, „Ле Парисиен“ пишува деака Шеиците му се лутат
на Нејмар поради желбата да замине, па за возврат бараат многу пари. Весникот
вели дека цената на Бразилецот е најмалку 200 милиони евра.
Барселона не сака
да плати ниту едено евро, „каталонците“ инсистираат на размена на играчи, и ова
преставува сериозен проблем за комплетирање на зделката.
Реал Мадрид
можеби во моментов нема 200 милиони евра, но може да прибере солидна сума на
средства со продажба на Герет Бејл, Хамес Родригез и Маријано Диаз.
Исто така
Флорентино Перез е во одличен однос со својот колега од Париз, Насер ал Келаифи
па може да се избори за поповолни услови. Однос помеѓу Барса и ПСЖ практично и
да нема, па „светците“ за инат би можеле да го пратат играчот во Мадрид дури и
на позајмица само за тој да не заврши на Камп Ноу.
Барса се надева
дека желбата на Нејмар да се врати ќе се покаже како клучна, дека тој ќе го
одбие предлот на Реал со што ќе го стави ПСЖ под притисок и „светците“ ќе
немаат друг избор освен да преговараат со Барселона.