ПСЖ со парична казна за Мбапе поради недисциплина

by
1 минути читање

Килијан Мбапе ќе
мора да ја плати цената поради потегот кој сигурно го налути раководството на
францускиот првак ПСЖ, откако младиот напаѓач задоцнил на тимскиот собир, а
покрај него, казнет поради истата причина е воедно и Адриен Рабио, висината на казната изнесува 180,000 евра.

Тоа се случи во
октомври ланската година, а тимот од Париз одлучи обајцата фудбалери парично да
ги казни, тие парични средства се веќе издвоени од платите на двајцата
фудбалери и префрлени во фондацијата на ПСЖ.

Младиот Мбапе ја
прифати одговорноста за лошиот и пред се
недисциплиниран потег, а воедно потпиша и документ
за да ја прифати казната, што се однесува пак до Рабио, за него ова е уште една
епизода во неговата лоша година во редовите на францускиот првак каде од
поодамна е на излезна врата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×