70
„Светците“ планираат следната недела да искешираат 222 милиони евра за да го купат Нејмар во нов рекорден трансфер.
Лидерите на Барселона оваа недела неколку пати порачаа дека немаат немера да се раздели со Бразилецот, но нема да можат да сторат ништо доколку ПСЖ ја активира откупната клаузула.
Па затоа „Каталонците“ веќе разгледуваат кои играчи би можеле да го заменат напаѓачот.
Барса размислува да тргне по Пауло Дибала од Јувентус, сонародникот на Лео Меси важи за еден од најперспективните напаѓачи во светот на фудбалот.
Клубот од Камп Ноу ќе има огромна сума за трошење, но останува да се види дали Јувентус ќе се сложи на продажба на својата голема ѕвезда.