Каталонскиот весник
Спорт денеска излезе со сензационална вест дека Нејмар би можел да замине
откако семејството на играчот се почесто и погласно го советува за нова
авантура.
Проблем е Лео Меси и тоа што Бразилецот на Камп Ноу постојано ќе биде во сенка
на Аргентинецот и никогаш нема да добие високо признание на индивидуално ниво.
По оваа сторија, веднаш
почнаа да се појавуваат шпекулации за трансфер на напаѓачот во ПСЖ.
Последните
информации велат дека таткото на Нејмар оваа недела ќе се сретне со лидерите на
клубот од Паркот на Принцовите.
„Светците“ се
подготвени да ја активираат откупната клаузула, но за задоцнетата реакција ќе
треба да платат десетици милиони евра повеќе.
Нејмар до 30.
јуни можеше да се купи за 200 милиони евра, а сега таа бројка изнесува 222
милиони евра.
Но богатиот шеик
сигурно со задоволство ќе стори ова доколку тоа значи пристигнување на Нејмар
во Париз.