Париз Сент Жермен
според информациите кои пристигнуваат е подготвен да лансира понуда од 90
милиони евра за да го доведе во своите редови Иван Ракитиќ, Хрватот од редовите
на Барселона.
Францускиот првак
веќе има остварено контакт со Каталонците околу можноста за трансфер, но Спорт
известува дека тимот од Париз сака да заобиколи мошне важен детал во
преговорите, а тоа е откупната клаузула на фудбалерот од средниот ред која
изнесува 120 милиони евра.
Постојат
информации кои велат дека Ракитиќ сака да остане на Камп Ноу, повеќе ја
преферира таа опција отколку да си замине, но, од друга страна пак, Барселона
не може да си дозволи во моментов да ги подобри неговите услови во договорот
кој беше потпишан ланската година.
Французите би можеле да ја искористат таа
ситуација со што би му понудиле плата која Ракитиќ тешко би ја одбил во една таква
ситуација.