Неколку дена
медиумите пишуваат дека ЦР7 сака да замине од Шпанија и Реал Мадрид поради
проблемите со даночните власти и обвинувањата дека прикрил 14,7 милиони евра.
Манчестер
јунајтед и ПСЖ се посочуваат како можни дестинации на Кристијано Роналдо, а
според денешното издание на Лекип, „Светците“ полека се подготвуваат за
офанзива.
Португалецот е
желба на богатите сопственици од Катар долги години, и веднаш штом самиот Кристијано Роналдо
потврди дека заминува, ПСЖ одново ќе тропне на вратата.
Лекип пишува дека
„Светците“ се спремни да платат помеѓу 100 и 150 милиони евра, и веруваат дека
ова е сосема пристојна сума за фудбалер кој веќе има 32 години.
ПСЖ исто така на
ЦР7 ќе му понуди поголема плата од онаа која ја заработува во моментов на
Сантијаго Бернабеу.