ПСЖ сака уште сега да го откупи Икарди но има еден проблем… Ванда чека понуди од Јувентус и Реал Мадрид

by
1 минути читање

Во последните денови од летниот преоден рок, Мауро Икарди се пресели на позајмица во ПСЖ. Тој брзо се адаптираше на новата средина, прикажува одлични партии, редовно ги тресе противничките мрежи па „светците“ за кратко време се импресионираа од неговите изданија и уште сега сакаат да го откупат напаѓачот и да му платат на Интер околу 70 милиони евра. 

Аргентинецот во Париз заработува околу 10 милиони евра, речиси двојно повеќе од она што го добиваше во Милано (5,5) милиони евра, па по секоја логика зделката треба да се комплетира.

Сепак, Тутоспорт вели дека има еден проблем. Сопругата на Мауро Икарди, која исто така се грижи и за неговата кариара преферира да почека. Ванда Нара смета дека добрите партии на голгетерот ќе го привлечат вниманието на други клубови и понуди би можеле да достават гиганти како Јувентус и Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×