ПСЖ руши рекорди за Мбапе, еве ја понудата на „Светците“ за младата ѕвезда на Монако

by
1 минути читање

Младиот Французин
го привлече вниманието на сите гиганти од Европа со одличните настапи во дресот
на Монако изминатава сезона.

Многу клубови
сакаат да го видат Килијан Мбапе во своите редови, но Монако нема лесно да се
откаже од услугите на напаѓачот.

Последните
информации велат дека ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата, па „Светците“ се
подготвени да потрошат рекордна сума.

Според Гоал, клубот
од Паркот на Принцовите доставил понуда до Монако вредна 135 милиони евра.

Од Шпанија пак
пристигнуваат гласини за уште побогат предлог, според Ел Чирингито,
понудата изнесува 140 милиони евра плус услугите на Атем Бен Арфа.

Двата извори
пишуваат дека новиот спортски директор на ПСЖ, Антеро Енрике во два наварти се
сретнал со таткото на Килијан Мбапе, во обид да го убедат напаѓачот да се
пресели во престолнината на Франција.

Во меѓувреме, Марка пренесе дека Реал Мадрид веќе има вербален договор со Килијан Мбапе, и наводно играчот одлучил дека преселба на Сантијаго Бернабеу е единствената опција доколку замине од Монако

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани