Медиумите од Шпанија пренесуваат дека ПСЖ се обидува да го украде Нико Вилијамс од пред носот на Барселона, „светците“ на фудбалерот му понудиле двојно поголема плата од онаа на „каталонците“.
ПСЖ и Барселона не се во добри односи, војната започна кога „светците“ ја активираа откупната клаузула на Нејмар и за 222 милиони евра го реализираа најскапиот трансфер во историјата.
Двата клуба често водат битки на трансфер пазарот, а последните информации велат дека ПСЖ и ги мати плановите на Барса кога е во прашање Нико Вилијамс.
Шпанецот е топ трансфер цел на „каталонците“ и беа одржани неколку состаноци за да се најде правата формула за реализирање на зделката, со оглед на тоа дека клубот има ограничени ресурси.
Но парите не се проблем за ПСЖ, па светците стапиле во контакт со агентот на Нико Вилијамс и го известиле дека се подготвени да му дадат двојно поголема плата од таа на Барселона.
„Каталонците“ нема/не можат да го зголемат предлогот, и се надеваат дека желбата на Нико Вилијамс да се пресели на Камп Ноу на крајот ќе биде пресудна.