ПСЖ понудил 200 милиони евра за во пакет да ги купи двете најголеми ѕвезди на Наполи

by bojan
1 минути читање
Осимен

Како што пренесува Кориере дело Спорт, ПСЖ на маса ставил 200 милиони евра за во пакет да ги купи Виктор Осимен и Квича Кварацхелија, но Наполи веднаш го одбил предлогот.

ПСЖ остана без Килијан Мбапе, а големи се шансите од Париз да си замине и Коло Муани, па раководството на „светците“ крои планови како да настапи на трансфер пазарот.

Денешното издание на Кориере дело Спорт пренесува за супер понуда од 200 милиони евра и обид на ПСЖ во пакет да ги купи Виктор Осимен и Квича Кварацхелија.

Сепак, од таборот на Наполи веднаш го одбиле овој предлог. Аурелио Де Лаурентис бил јасен, Квича Кварацхелија не е на продажба, и може да се преговара само за Виктор Осимен.

Напаѓачот има откупна клаузула од околу 130 милиони евра, но Наполи ќе прифати и помала сума.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани