Пред празни
трибини на „Паркот на принцовите“, ПСЖ со 2-0 ја доби пресметката против
Борусија Дортмунд и се пласираше помеѓу осумите најдобри во Лигата на
шампионите.
„Милионерите“ вечерва
не можеа да му парираат на противникот па на крајот мораа да се помират со
елиминација. Една лоша поставеност во одбранат придонесе ПСЖ да поведе во 28. минута
од мечот. Хакими заборави на Нејмар при еден корнер, па Бразилецот со глава
донесе предност од 1-0.
Во последните мигови
од првиот дел, левиот бек Бернат се најде во противничкиот шеснаесетник, одлично
се снајде при додавањето на Сарабија и реализираше за 2-0.
Борусија Дортмунд
во продолжението од мечот се обиде да постигне гол кој ќе значеше продолжение,
гостите често беа пред противничкиот шеснаесетник, но немаа идеја во завршницата и ниту
еднаш на тест не го ставија Навас.
Во финишот од
мечот дојде до кошкање помеѓу Џан и Нејмар, па настани и голема мешаница, а
судијата Тејлор ги реши работите со црвен картон за Германецот.