Чилеанецот е под
договор со „Топчиите“ до 2018, преговорите за продолжување на соработката се
сопрени, па често се пишува за негово заминување од Емирати стадионот.
Неколку клубови
ја следат ситуацијата на Алексис Санчез и се подготвени да достават понуда по
крајот на сезоната.
Добро
информираното Радио Монте Карло сега пренесува дека ПСЖ превзема конкретни
чекори на оваа тема.
Шампионот на
Франција веќе отворил преговори со Алексис Санчез и сака Чилеанецот да биде
нивното големо летно засилување.
„Светците“ кон
средината на овој месец ќе имаат нова средба со играчот на која ќе се разговара со финасиски детали.
Арсенал за
услугите на Алексис Санчез ќе бара најамалку 50 милиони фунти, и оваа сума нема да преставува проблем за ПСЖ.
Клубот од Париз
исто така ќе игра и на картата дека не се директен ривал на Арсенал, и желбата
на „Топчиите“ да не дозволат својата ѕвезда да заврши во клуб од Премиерлигата.