ПСЖ не запира, тргна по еден од најдобрите голмани во светот, Пасторе „жртва“

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесуваат дел од медиумите во Франција, се вели дека
тамошниот вицепрвак ПСЖ по мега трансферот на Нејмар, и поврзаноста со Мбапе,
сега има нова цел, и тоа голманот на Атлетико Мадрид, Словенецот Јан Облак.

Претседателот на
ПСЖ, Насер Ел-Келаифи наводно денес отпатувал за Мадрид каде треба да се сретне
со челниците на Атлетико за да преговара за еден од најдобрите голмани во
светот.

Состанокот треба
да се одржи утре а ПСЖ како дел од понудата која би ја испратил за Облак го нуди
и Аргентинецот Хавиер Пасторе.

Вреди да се
издвои фактот што Облак има важечки договор со Атлетико Мадрид до 2021. Година,
но и откупна клаузула во договорот вредна 100 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани