ПСЖ му покажа на Монако кој е кој во Франција и стигна до трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ПСЖ четврта
година по ред стигнува до трофејот од Лига Купот, вечерва „Светците“ тоа го
сторија со стил и против одличниот Монако, кој е лидер во првенството и едно од
најпријатните изненадувања во Лигата на Шампионите.

Избраниците на
Унаи Емиери му покажаа на клубот од малото кнежество кој е кој во Франција и го
декласираа противникот со 1-4.

Дракслер го
отвори резултатот по само четири минути игра, а Лемар изедначи на 1-1 во 27.
минута.

Ди Марија пред
крајот на првиот дел донесе ново водство, Кавани во 54. минута зголеми на 1-3,
а истиот играч во завршните мигови стави точка на натпреварот и конечни 1-4.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани