По рекордниот
трансфер на Нејмар во Париз вреден 222 милиони евра, и Сантош триеше раце,
клубот од Бразил веруваше дека им следува околу 4% од оваа сума на има на
тренинг компензации и солидарен фонд, правила кои се пропишани од ФИФА.
Но настана
проблем бидејќи ова не беше класичен трансфер откако Нејмар со чек вреден 222
милиони евра ја активираше откупната клаузула и се ослободи од договорот со
Барселона.
Со оглед на тоа
дека играчот и Сантош не се во најдобар однос откако клубот од Бразил беше
изигран од напаѓачот при трансферот во Барселона, Нејмар се обиде да се искупи
и го заколи ПСЖ да го исплати неговиот поранешн клуб.
Парите за Шеикот
не се проблем, па за првата ѕвезда да биде среќна, „Светците“ направија нова
отстапка и на Сантош сега му иплатија 9 милиони евра.
„Да, Сантош ја
доби уплатата од ПСЖ” –
вели директорот Модесто Рома. „Не ја знам точната бројка, но се работи за околу 9 милиони
евра”.