ПСЖ ќе го продаде Нејмар на Барса, но само доколку го добие тоа што го сака

by
1 минути читање

Реномираниот француски весник „Л’Екип“, пишува дека ПСЖ сака од Барселона двајца играчи плус најмалку 100 милиони евра.

Леонардо ја одбил идејата да го пушти Нејмар на позајмица, ПСЖ игра тврдо но е подготвен да се откаже од Бразилецот, сепак под услови кои тешко се исполнуваат.

Бараната сума е минимум 100 милиони евра, но и двајца играчи по нивни избор. Тие се интересираат за Кутињо, Самедо и Дембеле.

Барселона во моментов прифаќа само еден фудбалер да испрати во спротивен правец.

Останува да видиме како ќе заврши трансфер сагата за Нејмар која трае цело лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани