ПСЖ ја потврди повредата на Нејмар и соопшти колку Бразилецот ќе паузира

by
1 минути читање

Нејмар вчера
издржа само десетина минути на теренот против Нигерија и беше повлечен од игра
откако се пожали на болки во левата нога.

ПСЖ вечерва ја
потврдија повредата на Бразилецот, деталните прегледи покажале дека се работи
за исекотина од втор степен на задната ложа. „Светците“ додаваат дека се
очекува тој четири недели да биде надвор од стројот.

Шампионот на
Франција исто така даде известување и за ситуацијата на останатите играчи кои изминатиов
период се мачеа со повреди. Единсон Кавани оваа недела ќе продолжи да работи со
останатиот дел од тимот, а на тренинг ќе се вратат Јулијан Дракслер и Колин
Дагба.

Килијан Мбапе без
проблеми работи на санирање на повредата, а Тило Керер продолжува да работи на
својот фитнес по повредата на стапалото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×