ПСЖ ја наполни мрежата на Звезда, Нејмар забележа хет-трик (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Црвена звезда по
долги години се врати во најелитното европско натпреварување но немаше многу
среќа во ждребот и доби силни противници.

Шампионот на
Србија во првото коло храбро се избори за 0-0 пред своите фанови во дуелот со
Наполи, но вечерва настрада на гостувањето во Париз и доживеа тежок пораз.

Резултатот го
отвори Нејмар во 20. минута со мајсторски изведен слободен удар. Веќе 120 секунди
подцона беше 2-0, Мбапе го проигра Нејмар, а Бразилецот реализираше прецизно за
дуплирање на предноста.

Потоа Кавани
стрелаше прецизно во 37. минута, а пред крајот на првиот дел и Ди Марија се
запиша во листата на стрелци за 4-0.

Петардата пукна во
70. минута кога последниот член на офанзивата, Мбапе ја затресе мрежата на
Црвена звезда. Гостите преку Марин во 74. минута успеаја да стигнат до почесен
гол, а точка на натпреварот стави Нејмар во 81. минута кога со нов прекрасен
гол од слободен удар го комплетираше својот хет-трикот.

На вториот меч од
18:55, Шалке со голот на МекКени во самиот финиш од мечот стигна до три бода на
гостувањето кај Локомотив Москва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×