176
ПСЖ нема да добие казна од УЕФА без разлика што европската куќа на фудбалот пред неколку дена отвори нова истрага против богатиот клуб со која требаше да ги истражи трансферите на Килијан Мбапе и Нејмар.
УЕФА се обиде да го казни ПСЖ во 2017 година поради трансферите на Нејмар и Мбапе, но тогаш тужбата беше отфрлена.
Судот за Спортска арбитража на УЕФА и соопшти дека поради тоа што не го испочитувале рокот за жалба по првата одлука сега немаат право да отвараат нов случај за истиот предмет.
Одлуката е конечна, ПСЖ нема да биде казнет, УЕФА го прифати судот и најави можна промена на правилата за финансиски фер плеј со цел да се избегнат малверзации кои што ги прават дел од клубовите.