ПСЖ има понуда за Венгер

by
1 минути читање

Се поголем дел од навивачите бараат Арсен Венгер да го напушти Арсенал. Клубот со години не е конкурентен за големите трофеи, а оваа сезона ризикува да не заврши и меѓу најдобрите четири екипи.

Арсен Венгер најави дека наскоро ќе ја соопшти својата одлука дали ќе замине од Арсенал или ќе остане и во наредните години во клубот. Индикациите велат дека можно е и да го продолжи договорот.

Но Французинот има примамливи понуди од другите земји. „Сан“ пишува дека ПСЖ му нуди две годишен договор на Венгер.

ПСЖ планира да му врачи отказ на Унаи Емери кој успеа да прокоцка победа од 4-0 над Барселона и да биде елиминиран од Лигата на шампионите.

Парискиот клуб би бил идеален за Арсен Венгер, тој би се вратил во својата татковина а би имал и доволно силен тим за да покаже дека се уште е врвен тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани