ПСЖ има офанзива од 500 милиони, а против Дижон победа им донесе бек од 7 милиони евра (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Единсон Кавани
беше поштеден за гостувањето кај Дижион, но ПСЖ изобилува со квалитетни играчи па во офанзивата се најдоа Нејмар, Мбапе, Ди Марија и Дракслер, кои се
платени 500 милиони евра.

Сепак, херој на
„Светците“ денеска беше десниот бек Тома Мунје, кој е купен за скромни 7 милиони евра.

Белгиецот најпрво
еден „отпадок“ го смести во мрежата на домаќините во 71. минута за 0-1, за во
92. минута да се најде на правото место во правото време и да погоди за 1-2, откако
Жано изедначи на 1-1 во 87. минута.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани