ПСЖ и Реал Мадрид подготвуваат голема размена, Нејмар за Бејл!?

by
1 минути читање

Нејмар очајно посакува да замине од ПСЖ и да се врати во Шпанија, но како одминува времето тој е се подалеку од Барселона. Повторно почнуваат шпекулации кои го поврзуваат со Реал Мадрид.

Овој пат „Индепендент“ тврди дека Реал Мадрид и ПСЖ подготвуваат размена Бејл за Нејмар со доплата на кралскиот клуб.

Реал Мадрид сака да се ослободи од Бејл, Зинедин Зидан не смета на него и покрај тоа што Велшанецот го дава максимумот на тренинзите.

ПСЖ е еден од ретките клубови во Европа кој може да му ја понуди високата плата на Бејл која ја зема во Реал Мадрид и од која не сака да се откаже.

Размената меѓу Нејмар за Бејл изгледа реално и би била на задоволство на сите страни. Останува да видиме дали навистина има нешто во оваа вест или е само уште една обична шпекулација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×