„Светците“ и „ѓаволите“ не водат преговори само за Мануел Угарте, се опипува терен и за Чави Симонс да се пресели на Олд Трафорд, а Џејдон Санчо и Бруно Фернандеш да пристигнат во Париз.
Подолго време се говори дека Мануел Угарте е една од желбите на Манчестер јунајтед за засилување на средниот ред, наводно „ѓаволите“ веќе се договориле со Уругваецот и сега треба да пронајдат дил со ПСЖ за висината на трансферот.
Но последните информации велат дека ова не е единственото име за кое разговараат двата клуба.
Манчестер јунајтед опипува терен и за ангажман на Чави Симонс, кој не сака да се врати во Париз и си бара нов клуб.
Од друга страна пак, ПСЖ пројавува интерес за капитенот Бруно Фернандеш и Џејдон Санчо, кој до неодамна беше во немилост кај Ерик тен Хаг.
И покрај тоа што Англичанецот се помири со тренерот, му се допаднал предлогот на „светците“, отворен е за идејата да се пресели во Париз, и двете страни се блиску до договор за висината на платата.