Двата клуба не се во најдобри односи откако Барса на почетокот од ова лето се обиде да го ангажира Марко Варати, а подоцна Нејмар заврши во Париз откако „Светците“ ја активираа неговата откупна клаузула вредна 222 милиони евра.
ПСЖ сега е обвинет дека стапил во контакт со Ница и се распрашувал за Жан Мишел Сери само за да ја за*бе Барселона.
„Каталонците“ пред неколку дена беа блиску до потписот на фудбалерот од средниот ред, но на крајот решија да се повлечат од зделката.
„Постоеше можност да се постигне договор, Барса и Ница беа во преговори“ – вели Франклин Мала.
„Во вторникот претставници на Барса беа во Франција, разговараа за технички аспекти, но веќе знаеа какви се квалитетите на Сери“.
„ПСЖ се вклучи во трката пред три дена. ПСЖ изврши притисок, тоа е лудост. Тие сакаа само да ја за*бат Барса“.