ПСЖ го побарал Дембеле како дел од трансферот на Нејмар но играчот не сака во Париз, Барселона пак им го понудила Видал

by
1 минути читање

Барса и ПСЖ продолжуваат да се натегаат и да бараат формули за разрешување на иднината на Нејмар, но разликите остануваат големи.

Според пишувањата на Ле Парисиен, Барселона на маса ставила ново име и го понудиле Артуро Видал. Весникот вели дека Чилеанецот бил дел од пакетот покрај Филипе Кутињо и сума на пари која била прилично пониска од 60 милиони евра.

Со оглед на тоа дека ПСЖ преферира да добие најмалку 100 милиони евра, плус Филипе Кутињо и плус уште еден играч (Нелсон Семедо), предлогот на „каталонците“ експресно бил одбиен.

Л’Екип исто така пишува на оваа тема, вели дека „светците“ го побарале Осман Дембеле. Наводно првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи бил голем фан на Французинот, напаѓачот исто така е во добар однос со тренерот Томас Тухел од времето во Дортмунд, како и со Килијан Мбапе со кого игра заедно во Франција.

Сепак, Осман Дембеле го информирал ПСЖ дека е благодарен за интересот, но не сака да замине од Барселона.

Останува да се види како ќе се разреши иднината на Нејмар. Се верува дека ако Бразилецот јавно излезе и каже дека сака да се врати на Камп Ноу, ќе го стави ПСЖ под сериозен притисок и ќе и ја олесни задачата на Барселона.

Сепак, со ваква изјава ќе ја затвори вратата за Реал Мадрид, а сака да ги има и „кралевите“ како опција и резервен план за бегство од ПСЖ.

Исто така, не се исклучува можноста тој да остане во Париз и да одработи уште една сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×